Љубиша Богдановиќ, кој во вторникот со пиштол усмрти 13 луѓе во селото Велика Иванча, во Србија, а потоа се обиде и да се самоубие пукајќи си во главата, почина.
Неговата здравствена состојба беше постојано критична, а поради тежината на повредите, лекарите не можеа да го оперираат. Во живот беше одржуван само со лекови и со апарати.
Меѓу жртвите се и неговиот син, како и 19-годишната мајка и нејзиното двомесечно бебе. Настанот ја шокира Србија, а истражителите се обидуваат да го откријат во целост мотивот за настанот што зави во црно повеќе семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.