| четврток, 6 декември 2018 |

Како СДСМ Центар ги троши парите на граѓаните по кафани?

За расипништвото на СДСМ Центар и скандалот околу трошење пари на граѓани за огромни сметки во кафеани пишува порталот „Журнал.нет“.

Според порталот, Саша Богдановиќ од СДСМ дирекрор на ЈП Паркинзи во оштина Центар е најскапо платениот директор во државата. Како што пишува „Журнал.нет“ ова претпријатие е целосно ставено во функција на личните удобства и богатење на кадрите од СДСМ.

Faktura-POC-Tri-Asa-640x399

Порталот објавува фактурата од кафаната „Три Аса“, чиј сопственик важи за близок човек на СДСМ. Според фактурата, се гледа како од Паркинзи Центар се бара наплата за угостителски услуги од неверојатни 23.736 денари. Толкава била сметката направена од Пакринзи Центар за угостителски услуги и толку удобствата на раководните лица на Паркинзи Центар ги чинеле граѓаните на Центар.

Sasa-Bogdanovik-plata-2000-evra

„Додека ПОЦ се жали за ниските приходи, нивните главни луѓе добиваат месечни примања од по две илјади евра, колку што директорот Богдановиќ попознат како Српче, воедно прв човек на СДСМ ОО Центар добил во месец јули по основа на плати и додатоци. Како и 1.500 евра кои ги земал заменик директорот кови воедно е и одговорен за финансиското работење на ПОЦ, Вангел Андревски. Директорите на ПОЦ освен тоа што земаат илјадници евра за плати прават и сметки од по десетици илјади денари по кафеани и за угостителски услуги.

Vangel-Andrevski-plata-1500-evra

Дека раскалашеноста и недомаќинското работење е стил на работа на Општина Центар покажува и претходниот скандал кога Дејан Тодоровски викан Гзе, поранешен советник на СДСМ, а сега вдомен во Општината како инспектор, со еден потпис трошел илјадници денари општински пари за алкохол, пијалоци, месо и скари во рестораните во Дебар Маало“, објавува порталот.

Dejan-Gze-smetka-640x596

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар кои што првично го отворија скандалот со високите примања на раководните луѓе во ПОЦ на ова гледаат како уште еден скандал од многуте кои одат директно на штета на граѓаните на Центар.

Ова расипништво во Центар се случува во исто време кога се исплаќаат вртоглави суми за плати само за неколкумина во Паркинзи Центар и кога се трошат илјадници денари за сметки по кафани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top