САД и нивните сојузници извршиле вчера 17 воздушни напади врз објекти на Исламска држава во Ирак и 12 во Сирија, соопшти меѓународната коалиција.
Нападите во Ирак биле фокусирани на објекти на џихадистите во Мосул и Рамади, каде се поразени тактички единици, оружје и згради.
Останатите напади биле извршени покрај Албу Хајат, Синџар, Султан Абдула и Хуајџа.
Во Сирија напади се извршени покрај Ајн Иса, Мара, Рака и Дејр ал Зур, каде се уништени пет нафтени наоѓалишта на ИД.
Најмалку 32 борци на ИД се убиени денеска во градот Рака во северна Сирија при воздушен напад, извршен веројатно од коалицијата, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Воените авиони извршиле 15 напади, а во нив има над 40 ранети џихадисти, јави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД



