| четврток, 6 декември 2018 |

Диетите не успеваат само поради една работа!

Многумина сметаат дека знаат многу за правилната исхрана и вежбањето, како и за начините на кои се слабее, но последното истражување кое го направи компанијата „Орландо хелт“ покажа дека на една работа не се посветува доволно внимание – нашете ментално здравје и причината поради која посегнуваме по лоша храна.

Во истражувањето учестувале повеќе од илјада Американци од кои 31 отсто сметале дека тоа што не вежбаат е најголемата причина затоа што не можат да ослабнат. Вкупно 26 отсто сметаат дека е најважна исхраната во процесот на слабеење, а 17 отсто велат дека здравиот начин на живот е многу скап.

Смо еден од 10 испитаници споменал дека менталното здравје и психолошките фактори се бариера за слабеење.

Научниците нагласуваат дека мора да сфатиме зошто се храниме нездраво и зошто посегнуваме за храна која е лоша за нас.

За многу луѓе јадењето е емоционално искуство. Одредени, најчесто нездрави намирници ни даваат утеха, како кога бевме деца, за награда добивавме слатки. Многу празници се фокусирани на храна, се организираат семејни ручеци, така што за многу луѓе врската со хранате е повеќе од обична потреба за одржување на животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top