Приватниот авион во кој бил познатиот американски актер, Морган Фриман принудно слетал на мал аеродром во американската држава Мисисипи, бидејќи гумите на леталото пукнале при полетувањето – информираат американските медиуми, според кои никој не е повреден.
Според Си-Ен-Ен, инцидентот се случил синоќа кога авионот полетал од Кларксдејл во Мисисипи, на пат кон Хјустон, а принудно слетал на малиот аеродром во местото Туника.
„Работите некогаш не одат како што сте планирале. На полетувањето пукна гума, што предизвика и други проблеми. Но благодарејќи на мојот одличен пилот, Џими Хобсон слетавме безбедно, без ниту една гребаница. Тоа не можам да го кажам и за мојот авион“, пишува во изјавата на оскаровецот Фриман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.