| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од човекот кој касапел луѓе во метро во Лондон

londonПовредил три лица, а притоа викал: „Ова е за Сириа!„
Полицијата испеала да го упаси разузлавениот терорист, а тешко повредениот маж кој лежел во голема локва крв, итно бил пренесен во болница. Лекарите се борат за неговиот живот.

Очевидците од нападот велат дека ништо не забележувале кај напаѓачот, тој не прикажувал некаква нервоза или намера дека ќе изведе злосторнички напад врз недолжните минувачи.
Полицијата ги потврди наводите дека терористот викал „Ова е за Сирија!„

– Тргнав сам кон Лејтонстоун станицата за да се сретнам со пријателите и да одиме на вечера. Додека се симнував низ скалите видов како луѓе се качуваат нагоре и бегаат. Не забележувајќи го тоа во мојата свест продолжив да одам кон станицата, а тогаш видов човек со мачета и друг маж во локва крв, кој лежи на подот. Не верував со моите очи! Почнав и јас да бегам, раскажа очевидец на невиденото злосторство.

Според негови зборови полицијата по 10-15 минути го упасила напаѓачот.

– Додека полцијата го носеше, тој викаше: „Ова се случува затоа што се заебавате со мајката Сирија, Ваша крв ќе биде пролеана„- вели друг очевидец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top