Јелани Марај (37), братот на раперската ѕвезда Ники Минаж (34) е обвинет за силување и сексуално искористување на 12-годишно девојче, тврди американскиот „Њуздеј“, кој информацијата ја дознал од веродостојни извори. За злоделото што го направил на 1 април Марај е уапсен на 1 декември, но набрзо од притвор е пуштен со кауција од 100.000 долари кои ги платила Ники.
Марај во март се оженил со Жаклин Робинсон, а на свадбата била и Ники, која наводно и ја финансирала венчавката со 300.000 долари.
Славната раперка се уште не се огласила по повод обвинението на нејзиниот брат.
– Толку многу го сакам својот брат, луѓе. Би направила се за да го ускреќам – напишала Ники по венчавката на Марај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.