| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли на која температура треба да ги перете алиштата за да ги отстраните бактериите?

alista
Перењето на 40 степени можеби не е штетно за алиштата, но не ги убива повеќето бактерии, тврди новото истражување. Една од четири работи испрани во машина на 40 степени, содржи фекални бактерии по крајот на перењето. Микробилозите откриле дека една од четири работи кои се перат на 40 степени содржат трагови од бактерии кои обично се наоѓаат во фецесот. Научниците тестирале над 1000 парчиња детска облека и постелнина донирана од родители.

Половината од примероците ги испрале на 40 степени, а другата половина ја анализирале неиспрана. Резултатот не бил изненадување, бактерии имало подеднакво во двете групи облека.

„Луѓето веруваат дека перењето е доволно за да се отстранат бактериите, но не е така. Иако мирисаат добро, не значи и дека се чисти“, се вели во студијата.

И додека ниските температури се добри за природната средина и за бојата на алиштата, не може да се каже дека се добри и за нашето здравје. Бактериите и вирусите како инфлуенца и ешерихија ќе преживеат доколку облеката и се друго перете на пониска температура од 60 степени.

Докторите препорачуваат се што перете, да перете на минимална температура од 60 степени, а ако нешто мора да се испере на пониска температура, задолжително да додадете и средство за дезинфекција. Студијата покажала дека околу 10 000 микроорганизми се наоѓаат во секој пар „чисти“ чорапи.

Од друга страна, бактериите можат да се размножуваат и во самата машина за перење, па за да го спречите ова, еднаш месечно пуштете ја празна да пере на 90 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top