| четврток, 6 декември 2018 |

ИД го зазема Авганистан

Taliban-fighters-in-Afgha-001Џихадисти на Исламската држава го заземаа упориштето на Ал Каеда во Авганистан каде се борат со локални талибански групи, тврдејќи истовремено дека го убиле лидерот на талибаните Мула Мансур, пренесуваат британските медиуми. „Телеграф“ објавува дека на интернет се објавени фотографии од тренингот на џихадистите на ИСИС, но не во Сирија или Ирак, туку во авганистанските планини во близина на границата со Пакистан. Исламската држава ја прогласи за „вилает Корас“ областа во Авганистан која некогаш беше упориште на Ал Каеда.

Талибанците се ослабени од внатрешните борби откако една група се одвои и се прогласи како лојална на Исламската држава. Се верува дека членовите на таа одметничка келија одговорни се за уште една непотврдена смрт на избраниот лидер на талибанците Актар Мансур. Авганистански официјални лица сметаат дека ИСИС не претставува непосредна закана, но дека за неколку години би можела да биде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top