| четврток, 6 декември 2018 |

Белата куќа: Убијците од Сан Бернандино не се дел од ИД

Ubice-iz-San-bernandinaНема индиции дека напаѓачите од Сан Бернандино во Калифорнија кои убија 14 луѓе се дел од поголема терористичка група , соопшти Белата куќа, откако Исламската држава објави дека сопружниците биле војници на калифатот.

Високи официјални лица меѓу кои и директорот на ФБИ Џејмс Коми, министерот за внатрешна безбедност Џеј Џонсон како и Јавниот обвинител Лорета Линч, му рекле на претседателот Барак Обама дека до сега нема индиции дека двајцата убијци биле дел од некоја поголема група или дека се дел од некоја поширока терористичка ќелија.

Сепак, укажале дека Сајед Ризван Фарук и Ташфин Малик биле радикалнни во насилството, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Овој пбрачен пар пукаше врз гостите на забавата во центар за лица со попреченост во развојот во Сан Бернандино, при што убија 14 лица, а повредени се 21 лице.

Напаѓачите беа убиени во престрелка со полицијата неколку часови подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top