| четврток, 6 декември 2018 |

Не застануваат апсењата во ФИФА

burga peruПорашниот претседател на фудбалската федерација на Перу и член на Комитетот за развој на Светската фудбалска федерација, Мануел Бурга е уапсен во Перу, во рамки на истрагата против корупција во ФИФА.

58 годишниот Бурга кој лани по 12 години ја напушти функцијата во перуанската федерација бил уапсен во Лима.
Швајцарското обвинителство води истрага за работењето во ФИФА која годинава се соочи со голем скандал за мито и корупција во врвот на организацијата, а особено во случаи за избор на домаќини на мундијалот.

platini-blaterГолем број на претставници на организацијата се суспендирани и се предм,ет на истрага додека Сеп Блатер се повлекува од местото претседател. Негов наследник ќе се избира во февруари.

Конечната одлука за претседателот на Европската фудбалска асоцијација УЕФА Мишел Платини и за претседателот на Светската фудбалска асоцијација Јозеф Сеп Блатер, кои се суспендирани на 90 дена заради корупцискиот скандал, ќе биде донесена на 21 декември оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top