Мадона отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста, а неодамна во етерот се појавија нејзини голи фотографии.
Фотографиите на сега 57 годишната кралица на поп- музиката се направени кога таа била 20-годишна анонимна девојка.
Црно-белите уметнички дела се снимени од Мартин Шрајбер, а направени се во 1979 година во Парсоновата школа за фотографи.
Шрајбер тврди дека тој и Мадона кратко време биле во љубовна врска, а овие фотографии ќе се појават на изложбата во Париз, на 8 декември, еден ден пред нејзиниот концерт во главниот град на Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.