| четврток, 6 декември 2018 |

Не можете без цигара? Виновен е „Генот на задоволството“

enjoy-smooth-smokingЛуѓето што не можат да престанат да пушат цигари имаат таканаречен „ген на задоволството“ што службено се нарекува “Taq1A”.

„Генот на задоволството“ има улога во распределбата на допаминот, мозочната хемикалија што е поврзана со задоволството и чувството за награда, а што мозокот ја испушта кога пушиме цигари.

Научниците сметаат дека зголемените количини на допамин играат главна улога во развојот на зависноста од никотинот. Откриено е дека „генот на задоволството“ условува на луѓето да им биде полесно или потешко да престанат да пушат цигари.

Научниците наведуваат дека на луѓето што имаат „А2/А2“ тип на ген им е полесно да престанат да пушат цигари отколку на луѓето со ген „А1/А1“ или „А1/А2“.

Ова откритие се заснова на резултатите од 22 истражувања во кои учествувале повеќе од 10.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top