Во изминатите 24 часа издадени се 3.673 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. МВР соопшти дека најбројни биле државјаните на Сирија 1.570, Ирак 1.174 и Авганистан 929. Во периодот од 19 јуни до ноќеска издадени се потврди на вкупно 304.759 странски државјани, од кои, 174.275 се од машки пол, 48.184 се од женски, 65.940 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.360 деца кои патуваат без родител.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил биле поднесени 82 барања за признавање на азил , при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти