Пораката која што веднаш по објавувањето беше вирално проширена по социјалните мрежи е испратена од германската филијала на групата хакери кои што веднаш по нападите во Париз најавија и згаснаа неколку илјади Фејсбук и Твитер профили од каде што Исламската Држава ги пропагираше своите цели.
Анонимусите станаа познати пред десетина години по своите акции против владини, религиозни и корпоративни веб сајтови кои што пропагираат идеи спротивни на членовите на групата.
Според анализите, Анонимусите немаат централна координација и туку акциите често ги преземаат одделни групи во различни земји. Досега поради сајбер напади во десетина земји се уапсени десетици членови на групата. Нивните подржувачи ги нарекуваат „борци за слобода“ или „дигитален Робин Худ“, а нападнатите ги ословуваат како „сајбер терористи“.
Тајм магазинот во 2012 година членовите на групата ги рангираше меѓу 100 највлијателни луѓе во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


