Европските безбедносни служби собрале информации кои укажуваат на тоа дека екстремистите на Исламска држава, после Париз, следните напади планираат да ги извршат во Британија, јави Си-Ен-Ен.
Според информациите на разузнавачките агенции, лидерите на Исламска држава на британските борци им наредиле да се вратат во својата земја и да извршат терористички напади.
Не е познато колку сериозна е заканата од терористички напади, ниту кога тие би можеле да бидат извршени.
Британски борбени авиони вчера рано утрото извршија први напади против Исламска држава во Сирија, само неколку часа откако парламентот ја усвои одлуката за покренување таква акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.