Информативната агенција Аамак, која ја поддржува Исламска држава (ИД) денеска соопшти дека нападот во Сан Бернардино, во Калифорнија, бил извршен од приврзаници на џихадистичката група, пренесоа британските медиуми.
Брачната двојка во средата уби 14 и рани уште 21 лице во еден социјален центар во градот во југозападната американска држава, по што избегаа со автомобил, но подоцна беа пресретнати и ликвидирани од полицијата.
Претходно денеска телевизијата СиЕнЕн соопшти дека жената му се заколнала на верност на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.