| четврток, 6 декември 2018 |

Јавното обвинителство ги предаде побараните предмети од Специјалното обвинителство

Основното јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и другите обвинителства денеска ги предадоа побараните предмети од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, соопшти попладнево Јавното обвинителство на Република Македонија

Воедно, се вели во соопштението, постапувајќи согласно одредбите на Законот за кривична постапка и Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, основните јавни обвинителства ги предадоа и останатите предмети (31) што се оформени за кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. ­

Предавањето на предметите е согласно на Законот за кривична постапка, според кој за постапување по овие предмети е стварно надлежно Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, наведува во соопштението Јавното обвинителство на РМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top