| четврток, 6 декември 2018 |

Две нови намалувања на цените на лекови

По осумте досегашни намалувања на цените на лековите, во вредност од 33 милиони евра, наредната година се планирани две нови намалувања, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Досега имаше осум намалувања на цените на лековите во вкупна вредност од 33 милиони евра, кои наместо во фармацевтските куќи останаа во џебовите на граѓаните, односно на пациентите кои купуваат лекови. Она што е значајно е дека овој тренд ќе продолжи и во следната година и тоа двапати, еднаш во март и еднаш во октомври. Тоа значи дополнителни две нови намалувања на цените на лековите следуваат во 2016 година, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на компјутерскиот томограф на Клиниката на неврологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top