| четврток, 6 декември 2018 |

Исламската држава остава трупови по улиците, се шири заразна болест во Сирија

Смртоносна болест што го јаде ткивото се шири низ Сирија, а причина е тоа што припадниците на терористичката група Исламска држава ги остава своите жртви на улиците.

Паразитската болест наречена леишманијаза ја предизвикуваваат протозои, а ја пренесуваат муви. Повеќе од 500 луѓе се заболени во средината на 2014 година, а бројката драматично се зголемува.

151204099.3_mn

– Болеста е резултат на ужасните убиства на ИД како што се убивање на невини луѓе и фрлање на нивните лешови на улица. Ова е водечки фактор за брзото ширење на болеста – изјави шефот на курскиот Црвен крст и полумесечина Дилгаш Иса.

151204099.1_xl

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека сиријскиот здравствен систем, поради петгодишната војна е сосема уништен.

Во борбата против ИД на сојузините сили им се придружи Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top