| четврток, 6 декември 2018 |

Се реализира втората етапа од проектот „Европа овде – Европа таму“

Во рамките на програмата за културна соработка помеѓу Република Македонија и Долна Нормандија, студенти од различни катедри на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова  Академија, во периодот помеѓу 1 и 6 Декември, се присутни во поголем број на културни институции во Нормандија, информираат од ЕСРА.

9c8f666c-027a-45dd-ab28-5c9825e042a4

Студентите по фотографија од класата на проф. Роберт Јанкуловски заедно со нивните колеги од Куќата на аудио-визуелните уметности од Нормандија приредија изложба во градската библиотека во Каен која значи поглед на  денешната млада генерација во Франција и Македонија на  100-годишнината од Првата светска војна.
Студентите по актерска игра од класата на проф. Рубенс Муратовски приредија музичко-поетски спектакл во театарот „Хипоком” во Каен, инспирирани од творештвото на македонските писатели, посветено на Првата светска војна.
Во антологискиот избор се застапени поетите Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Петре Андреевски, Јован Котески, Живко Чинго, Адем Гајтани и Хасан Мерџан.
Овој тригодишен проект кој првата година се одвиваше на тема: фотографија, втората година на тема книжевност, третатата година  ќе биде посветен на француската и македонската кинематографија и нивната поврзаност со Првата светска Војна .
Проектот се остварува со сесрдниот ангажман на Канцеларијата на АЛДА во Скопје, а автори на тригодишниот проект се Константин Плевнеш и Илина Мангова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top