| четврток, 6 декември 2018 |

„Животот е подеднакво кршлив “- нова кампања за безбедност во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжува со реализација на најавените кампањи.  Новогодишните празници се период од годината на убаво расположение, забави, но и алкохол и брзо возење.  За таа цел во наредниот период ќе се реализира кампањата „Животот е подеднакво кршлив” во која главниот акцент ќе биде ставен на младите и неискусни учесници во сообраќајот како посебна ранлива група во овој период од годината.

zivotkrsliv1

Целта на кампањата е да им покажеме на младите луѓе дека брзото возење, употребата на мобилен телефон и конзумирањето алкохол при управаување со моторното се една од главните причини за сообраќајни несреќи и истите тие во комбинација со неискусен возач може да бидат предизвикувачи на сообраќајна несреќи со фатални последици.

Кампањата првенство ќе има едукативен карактер, преку специјално дизајнирани едукативни материјали кои ќе бидат поделени на оваа популација. Тие содржат пораки и совети кои што младите треба да ги почитуваат за да бидат безбедни на патиштата. Понатаму, младите преку промотивни и едукативни активности ќе се едуцираат на оваа тема. Во рамки на кампањата РСБСП ќе продолжи со совети и предавања за младите, а во Скопје и низ Македонија ќе има штандови со материјали и едукација.

Во кампањата како партнери се вклучуваат ноќниот клуб Станица 26 и Барбакан каде што преку тематски ноќни забави ќе се едуцираат најмладите на оваа тема.

Од РСБСП посочуваат дека нивната цел е преку овие активности да ги објаснат ризиците и опасности кои ги демнат при несоодветно и небезбедно учество во сообраќајот и тоа непосредно пред да влезат во својот автомобил.

Инаку, статистиката покажува дека во светски рамки сообраќајни несреќи се причина број еден за смртност помеѓу младите на возраст од 15-19 години и втора причина за смртност на младите помеѓу 20-24 години. Во Македонија во првите 9 месеци се случиле повеќе од 1000 сообраќајни несреќи во кои причината била брзото возење или пак возење под дејство на алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top