| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската надрилекарка под истрага – нудела белило како лек за деца

566995_drdoktorka_ff

Десетина лица во српското обвинителство и полиција пријавиле дека Слаѓана Велков лажно се претставува како доктор и се занимава со надрилекарство.

Обвинителството за високотехнолошки криминал во Србија почна со постапка против самопрогласенатата лекарка и ќе им наложат на вештаци и експерти да го испитаат лекот кој истражителите го прибавиле, а кој се нуди како лек. Исто така ќе ја испитаат и наводна диплома, која таа ја има од Македонија, пишува српски „Блиц“.

– Обвинителството и полицијата биле во контакт со луѓе кои имаат здравствени проблеми по преземањето хемикалијата MMS, која Слаѓана Велков ја претставува како лек за разни болести, вклучувајќи аутизам кај децата. Според првичните наоди, хемикалијата при реакција има истите својства како белило, кое е многу штетно за здравјето на луѓето – вели изворот за „Блиц“ запознаен со податоците од истрагата.

Според изворот, во исто време ќе се проверува и дипломата на Велков на која таа се повикува.

– Во овој случај тоа е од суштинско значење за да се провери наводната диплома и сертификатот. Човек не може да оди на курс и да реч дека е лекар. Тоа е од суштинско значење за граѓаните да бидат внимателни кога некој нуди нешто преку интернет, како лек – вели нивниот извор.

700880_sta-je-mms_ff
Кога ќе биде готова експертиза и по прибавувањето на документација за нејзината наводна диплома, како што дознава „Блиц“, обвинитрелството за вискоко -технолошкит криминал ќе покрене предистражната постапка и ќе покрене постапка против надрилекраката Слаѓана Велков.
Обвинителството, инаку, ги повикува сите граѓани кои зеле од препаратот кој го рекламира Слаѓана Велков и имаат проблеми, да им се обратат.

701046_velkov-i-mms-kao-lek-sajt_ff
CD протоколот кој го препорачува Слаѓана Велков претставува пиење на натриумхлорит (MMS), кој во киселата средина во стомакот ослободува хлордиоксид, отров од прв степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top