Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денес, 04.12.2015 година, ќе читате:
Медиумите алиби за крахот на СДСМ
Најголемиот непријател на Заев е Зоран Заев
Господине Заев, тебе најголем политички непријател не ти се медиумите, туку Зоран Заев. Тој другиот во тебе, кој се јавува половина час по секоја твоја изјава и те демантира до понижување. За твоја среќа, опериран си од срам, па не допира до тебе. Тоа не ти го кажуваат твоите домашни и странски советници затоа што дебело ги плаќаш. Не ти го кажуваат ниту амбасадорите и другите „надворешни пријатели“ затоа што не можат да најдат друга ваква маскота. Школски пример.
Минхаузен од Струмица
Од многу лаги се расипа полиграфот
Како ќе познаете дека опозицискиот челник лаже? Многу едноставно – му се мрдаат усните. Оваа општествена дијагноза за лидерот на македонската опозиција се наметна многу природно, а уште поневино е што тој самиот си ја побара. Со боринче… Излажа и во Љубљана, а пред тоа беше Тел Авив. Во СДСМ се шегуваат дека советниците му го зеле и му скриле пасошот. За секој случај, превентивно…
Кој го турка ИСИС кон Скопје?
Специјална војна од Косово
Иако на врвот на земјите што испратиле свои граѓани во ИСИС во Сирија и во Ирак се Косово и Албанија, сега „Коха диторе“ повратниците од ИСИС ги повикува да дојдат во Македонија каде што, ако може да се крие Мухаџери, како познато лице од порталите на светските агенции, прибежиште можат да најдат и други помалку експонирани луѓе од негов ков. Пораката за сите нив треба да биде „ИСИС без проблеми функционира во Македонија, каде што имаме јатаци и сме на безбедно“.
Самит ЕУ-Турција
Трговија со принципите на ЕУ
Европската унија на својот последен самит минатата недела во „окупираниот“ Брисел на турскиот премиер Ахмет Давутоглy и на неговата земја им понуди три милијарди евра за да ги врати тие емигранти што дошле во ЕУ од таму, а не бегаат од војна, и да спречи бегалците да доаѓаат во ЕУ од турска територија. Иако, според заклучоците на самитот, реално немаше голем напредок во процесот на евроинтеграција, членките на ЕУ (иако тоа беше најавено пред самитот) на сите други земји во југоисточна Европа им порачаа дека критериумите од Копенхаген важат само ако земјата-кандидат располага со некаква вредност со која може да се тргува. Пораката е јасна и срамна, без стока за купи – продај евроинтеграциите се мртви.
Банкарите вратија со камата
И банките на удар на неодговорните политичари
Бизнисот сѐ повеќе го чувствува притисокот на политиката. Сега на удар се најдоа банките. Тие добија закана од опозицијата дека ќе се чешла нивното работење доколку учествуваат во аукцијата на државните записи на која Министерството за финансии се задолжи за 73 милиони евра, пари со кои ќе бидат финансирани тековните активности предвидени со буџетот за годинава. Со тоа директно една политичка партија се меша во нивниот начин на функционирање, што наиде на осуда и од бизнисмените и од стручњаците, но и од првиот човек на Централната банка. Со оглед на тоа дека сопственоста на банките во најголем дел е во раце на странците, тоа може да создаде перцепција за деловен амбиент што е под влијание на политиката, а со тоа да ги оттргне потенцијалните инвеститори од доаѓање во земјава бидејќи никој не сака да работи под притисок и директива на политичарите.
Божикни црковни традиции
Духовното воздржание е суштината на христијанството
дали воздржувањето од храната е доволно за да кажеме дека постиме?! Вистинскиот пост е поврзан со молитва, покајание, со воздржание од страстите и од пороците, со искоренување на лошите дела, простување на навредите и со вежбање во добродетелта. Телесниот пост без постот духовен не придонесува за спасението на душата, дури напротив, може да биде и духовно штетен, доколку човекот воздржувајќи се од храна се исполни со чувство на предност во однос на другите.
Вистинскиот пост, стои во црковниот натпис, е поврзан со молитва, покајание, со воздржание од страстите и од пороците, со искоренување на лошите дела, простување на навредите и вежбање во добродетелта. Постот не е цел туку средство – средство да ја смириме сопствената плот и да се очистиме од гревовите. Без молитва и покајание постот станува една обична диета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст