
Ненад Мирчевски
Лидерот на опозицијата Зоран Заев немал поголем политички непријател од медиумите („Сител“, „Канал 5“, „Алфа“, „Дневник“ и МРТ). За посредникот во преговорите, пак, Белгиецот Ван Хауте, медиумите во Македонија требало да се регулираат врз основа на специјално измислени принципи за наши услови затоа што за Македонците овој пат не важат европските стандарди, а „слободата на говор“ ќе добие посебна дефиниција.
Господа, престанете да с*рете!
(Извинете за речникот, само користам дипломатски израз)
Барем еднаш имајте храброст да признаете пред македонскиот народ дека гајле ви е за реформите и за демократизацијата на државата колку што ви е гајле за ланскиот снег. Престанете да го понижувате народот со недоделкани тези и да го заплашувате со вулгарни изјави. Конечно, бидете мажи и признајте – единствена цел е да се урне владата и да се устоличат на власт овие карикатури што ја водат опозицијата. И Заев и „пријателите“ веќе се свесни дека немаат шанси да победат на изборите. Јасно е дека „бомбите“ не им обезбедија поддршка кај јавноста, па сега на ред за казна се граѓаните. Ако треба на сила ќе се воведе целосна диктатура, буквално прекопирана од Северна Кореја.
Господине Заев, тебе најголем политички непријател не ти се медиумите, туку Зоран Заев. Тој другиот во тебе, кој се јавува половина час по секоја твоја изјава и те демантира до понижување. За твоја среќа, опериран си од срам, па не допира до тебе. Тоа не ти го кажуваат твоите домашни и странски советници затоа што дебело ги плаќаш. Не ти го кажуваат ниту амбасадорите и другите „надворешни пријатели“ затоа што не можат да најдат друга ваква маскота. Школски пример.
Господине Заев, не постојат медиуми што можат од тебе да направат политичар почитуван од народот, макар да ангажираш и магионичари место новинари. И да ти помогнат пријателите во намерата да ги затвориш сите медиуми што не ти се допаѓаат, мислиш ли дека овие „професионалните“ финансирани од Сорос и од други странски фондови ќе успеат да те направат чесен и мудар? Не. Не дека не прават сѐ за да ти го задоволат егото, но во тие прикаски веќе никој не верува. Тоа се гледа и од нивниот и од твојот рејтинг. Мислиш ли дека со прикривањето на твоите лаги и со манипулирањето на јавноста по твој вкус народот ќе те прифати како човек со „кичма“, кој работи за интересите на граѓаните, а не за нечии туѓи интереси од кои никој во државата нема корист? Секогаш ќе останеш Заев со „свиткана кичма“. Заев што се заканува дека ќе јаде живи луѓе. Заев што бесрамно бара едно евро за Вицето.
Одлуката да се објави војна на медиуми не е ништо друго туку израз на политичка некултура и немоќ. Да посочиш медиуми како „најголеми политички непријатели“ и во исто време да тврдиш дека се бориш за слобода на говор е само по себе идиотски концепт, без разлика кој го смислил и кој сѐ е платен за да го брани… Оваа идиотска теза не можат да ја „продадат“ ниту вашите скапо платени медиумски перјаници, ниту странските пријатели. Најмалку Белгиецот, кој, се чини, го има истиот синдром на Заев за „себедеменатирање“.
Прво го правдаше уникатното решение за медиумите со специфичниот менталитет на Македонците, а потоа тврдеше дека договорот предвидува да се спроведат европски стандарди. Сигурно мисли на двојните стандарди?
Кога пред две недели пишував дека Заев и раководството на СДСМ и по девет години опозиција сѐ уште продаваат магла за некаква медиумска слобода, не ни помислував дека ќе си дозволат на ваков аматерски начин да си пукаат в нога со отворен повик за лов на медиумски вештерки. Но, со партија што го има Заев за лидер, сѐ е можно.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Помирување, со цел промена на името и Уставот на Република Македонија, не е прифатливо
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори


