Засега непознати вооружени лица облечени во полициски униформи, во местото Лакнас кај Тирана, нападнале блиндирано возило, кое превезувало пари на една приватна албанска банка.
На блиднираното возило, кое било придружувано од уште еден автомобил со лица од агенција за обезбедување, му бил попречен патот од џип во кој биле најмалку чеворица лажни полицајци.
Тие со железни прачки ги искршиле прозорците на возилата и под закана ги извлекле лицата што биле во нив, земале четири вреќи со пари во кои имало 50.000 евра и се оддалечиле од местото, пукајќи од автомтски пушки.
Подоцна полицијата го пронашла запалено возилото марка џип, со кое разбојниците избегале. Подоцна било утврдено дека џипот е украден.
Полицијата се сомнева дека крадците добиле иформации за транспортот на пари од вработени во агенцијата за обезбедување, од каде на разговор се повикани шест лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст