| четврток, 6 декември 2018 |

Привремен прекин на сообраќајот на патот Пресека – Врбјани

avtopat-gevgelija-skopje-20-rabota-na-pat

Поради изведување градежни работи со минирање на патот Кичево – Охрид, на делот меѓу Пресека и село Врбјани, денеска од 12,30 до 14,30 часот сообраќајот ќе биде во прекин  во интервали од 15 до 20 минути.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top