| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени имињата на уапсените високи функционери на ФИФА

00579015

Швајцарските власти официјално ги објавија имињата на двајцата високи функционери на ФИФА, кои беа уапсени денес поради истрагата за корупција во светската фудбалска федерација.
Тоа се потпретседателите на централата, Хуан Анхел Напоут од Парагвај и Алфредо Авит Банегас од Хондурас. Напоут е, исто така, претседател на фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), а Банегас е и шеф на Конфедерацијата на фудбалските асоцијации на земјите од Северна, Централна Америка и од карибскиот регион (КОНКАКАФ).
Двајцата се приведени под обвинение за добивање милиони долари мито, за продажбата на маркетинг и на телевизиски права за фудбалските првенства во Латинска Америка и за светските квалификации во регионот.
Тие очекуваат екстрадиција во САД, каде што ќе одговараат пред локалното обвинителство, кое води истрага за корупција во ФИФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top