На 10. седница на Меѓувладиниот комитет на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото која се одржува од 30 ноември до 5 декември во Намибија, Македонија успешно го впиша Гласоечкото машко двогласно пеење од Долни Полог, Тетовско, во Листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото за ургентна заштита, информира Министерството за култура
„Гласоечко, машко двогласно пеење од Долни Полог“, е традиционална форма на вокална музика специфична за овој регион. Ова карактеристично полифоно пеење, кое со генерации се пренесува усно, се препознава како симбол на културниот идентитет на македонскиот народ од овој регион кој токму во гласоечките песни ги вградил својата историја, митологија, традиција и култура.
„Задоволство и чест е што на овој состанок, од осумте предложени добра за впишување на оваа листа, Република Македонија се најде во четирите прифатени и впишани добра со што и перспективно се отвораат можности за финансиска поддршка од УНЕСКО за негова понатамошна заштита и афирмација на домашно и на меѓународно ниво, се вели во соопштението на Министерството за култура.
„Гласоечко“ е трето културно добро кое Република Македонија за многу кратко време го впиша во листата на заштитени добра на УНЕСКО. Пред две години беше впишано првото културно добро, уникатниот верски обичај од Штипско, „Четрсе“, на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, а минатата година и македонското оро „Копачка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО