На 10 – ти април, во просториите на Cubus комплексот, се одржаа ревиите на кои своите најнови колекции ги претставија добро познатите македонски модни креаторки: VIBRAZIONI by Александра Митковска и Росица Мршиќ.
Росица Мршиќ го одржува својот препознатлив дизајнерски израз преку создавање модели со геометриска прецизност, техника со која женската фигура ја врамува во модерна и женствена фотографија. Таа спојува делови од ткаенини во сложена конструкција на форми, бои и дизајни со што продуцира облека за урбаните жени на сегашното време. Својата визија за целосниот изглед на овие жени, дизајнерката ја реализира преку додавање на невообичаени детали ускладени со генералната идеја на секоја колекциja. Колекцијата пролет/лето 2013 е инспирирана од филмот на Фриц Ланг „Метрополис“. Идејата е пренесена во колекцијата со разработка на пролетерскиот изглед, изразенa преку чисти униформни линии и надграденa со футуристички приказ и визија, а е дефинирана со користење на црната, сивата и белата боја. Контрастот е направен со додавање романтично-слаткава нота од лелеави делови во неонско-розова боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.