Изјавата на Заев би ја окарактеризирала со три збора, смешна, тажна и страшна, изјави главната уредничка на Канал 5 телевизија Лидија Богатинова во вечерашната дебата на МРТ.
-Смешна затоа што немаше 24 часа пред тоа, неговиот директор за комуникации кажа дека треба да постои деполитизација, дека за тоа се залага, а веднаш потоа излегува со ваква скандалозна би рекла изјава. Тажна затоа што уште еднаш се уверивме дека нема конзистентен став и уште еднаш се уверуваме дека има проблем со лидерството, човек кој ги менува ставовите и тешко дека може да се надева дека може да стане еден ден било кога нешто повеќе од човек кој што ќе се обидува да стане лидер, човек што ете со вакви изјави си го руши и она малку што го имаше, затоа сметам дека е тажна, изјави Богатинова.
Таа смета и дека изјавата на Заев е страшна, затоа што е повик за линч.
-Страшна е затоа што ние најверојатно треба да се плашиме за нашата безбедност, за безбедноста на нашите вработени, за безбедноста на крајот на краиштата на нашите семејства, а дали таа безбедност ќе може да ни ја обезбеди генералниот секретар на истата таа партија, кога веќе неговиот лидер повикува на линч, тоа е страшното во целата оваа ситуација, рече Богатинова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.