фото: Ѓорѓи Личовски
Словенија смета дека Македонија ги исполнува сите услови за полноправно членство во ЕУ и во НАТО. Се надевам дека Македонија и Грција ќе најдат заедничко решение за спорот со името и на тој начин ќе се забрза патот на земјата кон полноправно членство во евроатлантските организации. Добро паметам дека понекогаш е тешко да се најде такво решение. Словенија има вакво искуство со Хрватска, но со дијалог, добра волја и со голема енергија дојдовме до решение прифатливо за двете страни. Ова го истакна словенечкиот шеф на дипломатијата Карл Виктор Ерјавец по денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.
Ерјавец посочи дека пролетниот извештај за Македонија ќе биде позитивен бидејќи, како што рече тој, земјата покрај реализирањето на реформите прави одлични напори и во добрососедските односи кои се приоритет.
Шефот на македонската дипломатија Попоски, пак, истакна дека пролетниот извештај за Македонија е резултат на динамичните декемвриски заклучоци на Европскиот совет, а ќе го одрази постигнатиот напредок во реформите.
За добрососедските односи посочи дека Македонија е посветена на нивното унапредување преку интензивната комуникација со Бугарија и бројните иницијативи предложени до Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)