| четврток, 6 декември 2018 |

Момче си ја избодело девојката

нож

Штипјанец, по жолчна расправија со девојката, ја избодел по што таа завршила во болница, а тој сѐ уште се крие од полицијата.

СВР Велес поднесе кривична пријава за Ј.Т.(22) од Штип за кривично дело убиство во обид.

На 18 февруари годинава во Велес, на улица Богдан Каракостев, пријавениот дошол во куќата на М.Ј.(29), со која бил во љубовна врска, при што настанала вербална расправија во која  физички ја нападнал, а потоа со нож ѝ нанел две убодни рани во пределот на рацете и колено. Се преземаат мерки за наоѓање на пријавениот кој се наоѓа во бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top