Грчките власти почнаа да ги префрлуваат во Атина имигрантите, кои се наоѓаат на грчкомакедонската граница, пишува електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.
Целта е да се стави крај на напнатата ситуација, која се создаде во реонот на грчкото погранично село Идомени, поради одлуката на македонските власти да пуштаат на своја територија само граѓани на Сирија, Авганистан и Ирак, кои бегаат од земјите зафатени од војна, пишува весникот, пренесува БТА.
Вториот министер за имиграциона политика Јоанис Музалас вчера соопшти дека натрупаните имигранти ќе бидат префрлени во грчката престолнина.
– Имаме места, каде што ќе ги сместиме времено тие луѓе. Почнавме кампања за нивно префрлување од Идомени. Не веруваме дека ќе ја отворат границата за нив, рече Музалас. Според информацијата во заедничка кампања со Врховниот комесаријат за бегалци на ОН досега во Атина се префрлени 200 лица.
На границата со Македонија се блокирани 850 бегалци и имигранти при што се очекува во наредните денови и тие да бидат префрлени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст