| четврток, 6 декември 2018 |

Најбогатите виновни за половина од емисиите на ЦО2 на Земјата

Десет проценти од најбогатите жители на планетата испуштаат повеќе од половина емисии на јаглероден диоксид (ЦО2), додека најсоромашната половина на земјата е одговорна за само 10 проценти од испуштањето на загадливи материи, наведува британската невладина организација Оксфам во денешниот извештај. ­

– Богатите поединци и големите загадувачи со ЦО2 мора конечно да се сметаат за одговорни – потенцира во извештајот на Оксфам, Ромаин Беничио, одговорното лице за клима во француската невладина организација, додавајќи дека земјите во развој мора да го направат својот дел, но богатите земји треба да им го покажат патот и да ги сносат страшните последици од својот начин на развој и потрошувачка.

Според извештајот, лицата кои се еден дел од процентот најбогати на светот „произведуваат просечно 175 пати повеќе ЦО2 од лицата кои се меѓу десетте проценти најсиромашни“.

Извештајот за „Крајната нееднаквост и испуштање на ЦО2“ се објавува во рамки на големите меѓународни преговори за климатските промени кои се одржуваат во Париз и кои би требало да донесат амбициозен договор со кој ќе се ограничи глобалното затоплување на два степени Целзиусови во однос на нивото пред индустриската револуција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top