| четврток, 6 декември 2018 |

„Деветката“ на Панчев на хуманитарна акција

darko pancev

Дрес на најдобриот македонски фудбалер, Дарко Панчев, кој со успех настапуваше за Црвена ѕвезда, ќе биде пуштен на аукција за хуманитарната акција за малата Наѓа Новаковиќ која се лекува од тешка болест.
Не кој било, туку токму дресот со кој „кобрата“ настапи на легендарниот натпревар против Баерн Минхен во 1991 година во Белград. Покрај овој дрес, на аукцијата ќе има реквизити од останатите српски репрезентации и спортисти од рангот на Никола Вучевиќ (НБА), Светлана Китиќ (ракомет), Дане Корица (атлетика).

Хуманитарната аукција ќе се одржи по емитувањето на филмот „Мора ова да не е сѐ“ кој е поврзан со болеста на две мали дечиња од Србија и хуманоста на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top