Фактот дека на јавната сцена не постојат само интриги, трачеви и караници го докажуваат и кумствата помеѓу јавните личности.
Српската естрада е преплавена со кумства, па така кумовите се помагаат и во добро и во лошо. Местата тезги едни на други, средуваат кредити, рати, позајмуваат пари, подаруваат скапоцени автомобили, а кој ќе му се на јаде на кого ако не свој на својот.
Така куми се пејачките Виолета Вики Миљковиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ, Ана Бекута и Мира Шкориќ, Шабан Шаулиќ им е кум на Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.
Иако во младоста била во емотивна врска со Саша Поповиќ сопственичката на “Гранд“ , Лепа Брена, останала во одлични односи со Сале. Во знак на почит Поповиќ токму Лепа Брена ја земал за сведок кога се ожени со пејачката Сузана Јовановиќ. Лепа Брена и Саша Поповиќ се едни од ретките кои за речиси половина век познавање никогаш не се скарале. А дури и да имало караници тие тоа добро го криеле бидејќи такво нешто никогаш не излезе во јавноста.
Вики Миљковиќ и Цеца Ражнатовиќ не се појавуваат често заедно во јавноста но за родендени, слави и прослави и останати празници се секогаш заедно.
Ана Бекута и Мира Шкориќ се долгогодишни пријателки, соработнички н и куми. Нивното пријателство трае преку три децении, а крунисано е токму со кумство кое трае и ден денес.
По четири години, пејачот Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована Јанковиќ ја крунисаа емотивната врска на Малдивите. Со оглед дека церемонијата беше интимна, тие двајца посакаа да направат забава и со кумовите, пријателите и роднините. И ете пак причина за веселба но и кумство. По две години во 2014 година Жељко и Јована направија забава, а кумови ги одбраа менаџерот Бане Обрадовиќ, долгогодишниот соработник на Жељко додека водителката за својот сведок го одбра колегата Срѓан Предојевиќ со кој долги години ја води „Утринската програма“, првин на РТС а потоа во пакет продолжија и на Пинк телевизија.
Меѓутоа, не се сите кумства розови,има и такви кои не може да се видат со очи, а сето тоа поради пари.
На почетокот на деведесеттите години на минатиот век двата најдобри другари станаа кумови, и тоа естрадниот менаџер Саша Драгиќ и пејачот Момчило Бајагиќ Бајага! Сите познавачи на естрадните случувања тврдеа дека ова кумство е од чист интерес. И беше! Како што е чест случај на балканските простори кумовите се скараа поради некоја работа.
Голем број на естрадни кумства кои не би требало да се прекинат, се прекинати! Така денес воопшто не контактираат Горан Бреговиќ и Емир Кустурица. И ден денес се раскажува како Куста го нарече Брега дека е „крадец“ кој ќе ви го украде паричникот, па потоа од тие пари ве носи на вечера. Тие двајца исто така го растурија кумството поради пари бидејќи двајца не може да пијат вода од ист бунар – ќе го пресушат!
Гоца Тржан и нејзиниот некогашен менаџер и крстен кум Гане Пецикоза исто така се скарале заради пари. Доколку се сеќавате на оној режиран концерт за „еден“ човек на почетокот на 2000 година во Сава центар во Белград, е па тоа е тоа!Бидејќи Гоца не продала ниту една карта, кумот смислил одлична идеја, но не сметал дека тоа ќе биде преголем залак за пејачката. Неискусна во естрадни лаги, Гоца никако не успеа да се снајде во целата приказна. Меѓутоа кумот беше тука! Гане пушти болва дека наводно еден обожавател на Гоца го закупил целиот Сава центар за да пејачката му пее само на него. На почетокот се беше супер но кога новинарите почнаа од сите страни да ја притискаат пејачката – таа пукна и ја раскажа целата вистина. Желни за сензација новинарите ја пренесоа нејзината приказна на хартија, од тоа како не продала ниту една карта па се до маркетиншкиот трик на Пецикоза. Кумство се распука во паран парчиња, а Гоца и Пецикоза ниту ден денес не зборат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)