| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Лавров: Нема да бегам од турскиот колега

sergeij-lavrov-nqma-da-bqgam-ot-turskiq-si-kolega-342133

Нема да бегам од состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Претходно Анкара побара првите дипломати на Русија и Турција да одржат разговори на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во Белград.
Лавров појасни дека ќе се види со Чавушоглу.
„Можеби ќе слушнеме нешто ново од турска страна“, претпостави рускиот министер.
Тој потврди дека се слушнал со Чавушоглу по соборувањето на рускиот „Су-24“ од турски авиони на 24 ноември.
„Тогаш слушнавме само повторување на официјалната позиција, на застапуваната од господин Чавушоглу земја“, додаде тој.
Лавров, кој е во официјална посета на Никозија, ударот на турските авиони го смета како обид за поткопување на напорите за изнаоѓање мирно решение за кризата во Сирија.
Кипарскиот министер за надворешни работи, Иоанис Касулидис, ја изрази својата загриженост од инцидентот со рускиот воен авион. Тој посочи дека таквите дејства од страна на турските воздухопловни сили ги отежнуваат напорите за решение на проблемите во немирната блискоисточна земја.
– Ние сакаме во Сирија да завладее мирот – додаде првиот дипломат на Островот на Афродита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top