Воената операција против Исламската држава (ИД) во Сирија е дел од стратегијата за решавање на кризата во блискоисточната земја, рече британскиот премиер Дејвид Камерон, пренесе „Би-Би-Си“.
Денес во Парламентот на Обединетото Кралство се очекува да се гласа предлогот на владата во Лондон за започнување на вооружена акција против позиции на џихадистите во Сирија.
– Ние треба да реализираме операција со големи размери, да преземеме дејства и од политичка и од дипломатска природа – додаде тој.
Камерон изјави дека ударите на Кралските воздухопловни сили против идентификацијата нема да го зголемат ризикот од напади врз Островот. Тој, исто така, повтори дека во Сирија нема да бидат испратени единици на копнените сили на британската армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!