
Накит вреден 8.000 евра е украден од куќата на 55-годишниот Н.З. од Тетово, извести тетовската полиција.
Сопственикот, според полициската информација, на осми овој месец открил дека му го нема златото кое било сокриено под креветот во дневната соба, а кражбата пак во полиција ја пријавил два дена подоцна. По извршениот увид, полицијата започнала истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


