Машкото двогласно пеење од Долни Полог „Гласоечко“ е ставено на ургентната листата за заштита на културното нематеријално наследство на УНЕСКО.
Гласоечкото машко пеење е традиционално пеење од регионот Долни Полог. Тоа е традиционална музичка форма, карактеристична за овој регион, а со самото тоа и од огромно значење за културниот идентитет на населението. Името на овој вид пеење, наречено според локалното население како „Гласоечко“, се пренесувало усно од генерација на генерација со векови. Но, во денешно време постепено исчезнуваат луѓето што го практикуваат ова пеење, така што денес нема повеќе од две или три групи што пеат во гласоечки стил.
Двогласното пеење „Гласоечко“ се пее најчесто пропратено со гајда или кавал, спонтано изведувано на празници. Оваа практика и симболична за културниот идентитет на тие кои што ја негуваат и се пренесува со имитација. Отсуството на снимки од овa пеење поврзано со емиграцијата и незаинтересираноста за младите ја осудуваат оваа традиција на исчезнување. Одлуката е донесена на состанокот одржан вчера во Виндхоек во Намибија од страна на Комитетот за заштита на нематеријалното наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО