Во Париз е уапсена жена за која има сомневања дека е поврзана преку посредник со еден од обвинетите за терористичките напади во главниот град на Франција, соопштиле два извори блиски до истрагата за агенцијата АП.
Според нивното тврдење, станува збор за партнерката на 25 годишниот маж за кој се верува дека бил посредник со Џавад Бендауд. Името на жената не е соопштено. Бендауд пред апсењето во телевизиско интервју призна дека обезбедил стан за организирање на париските напади на Абделхамид Абауд, но демантирал дека знал за поврзаноста со нападите од 13 ноември.
Абауд, неговата роднина и еден неидентификуван маж се убиени во антитерористичката акција на полицијата во станот на Бендауд на 18 ноември.
Човекот кој вчера бил уапсен се сомничи дека му помогнал да најде засолниште за Абауд.
Тој бил уапсен во неговата куќа во Малакоф, јужно од Париз, а неколку часа подоцна полицијата го претресла и другиот стан на осомничениот во северното предградие на Париз, Сен Дени, каде што ја уапсила и неговата партнерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)