| четврток, 6 декември 2018 |

Заев удри врз банките, тие му вратија врел шамар

zaev-naumov-bankiОпозицискиот лидер Зоран Заев почна да врши притисок на сите страни. Откако ДИК пресече против правото на вето на Кире Наумов, човекот кој претендира да биде премиер започна да врши силен притисок врз домашните банки.

Притисок е и повеќе од скандалозен, Заев доби сила да откако си постави свој партиски близок човек на местото технички заменик-министер за финансии Наумов, кој, пак, стоеше зад својот партиски лидер кога заедно се обидоа да направат притисок врз банките за свои партиско-политички цели.

Зоран Заев дури им се закани на македонските банки дека без согласност од Наумов, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување.

-Пред денешната закажана аукција ги повикувам банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните на Република Македонија. Како најголеми доверители банките мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер  за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг- рече Заев утрово на итно свиканата прес-конференција.

Заев кон банките освен што се обиде да ги стави под притисок, тој им се обрати како на политички противник. Така, ги обвини дека преку својата редовна работа, банките би финансирале некаква изборна корупција.

-Банките мора да имаа во предвид што и за какви цели финансираат. Им укажуваме на домашните банки дека ни стојат на располагање и други механизми за да го спречиме ова финансирање за купување на гласови од страна на власта. СДСМ ќе ги превземе сите чекори. Изборите на 24-ти април мора да бидат слободни, фер, демократски и регуларни- вели лидерот на СДСМ.

Политичар чија партија речиси цела деценија е во опозиција, не смее да се меша во работите на банките. Но, Заев си дозволи да испраќа на партиска прес-конференција предупредувања до нив и да им врши притисок во работата.

За потсетување, СДСМ преку Наумов стави вето за новото задолжување со што се јави страв кај граѓаните од можно доцнење на плати, пензии и социјална парична помош.

zaevБанките во Република Македонија не се исплашија од заканите кои кон нив јавно ги упати Зоран Заев, како и од неговиот обид да се вмеша во деловната политика која ја водат. Тие не потпаднаа на грубиот притисок кој им го вршеше лидерот на СДСМ, па учествуваа на аукцијата на државните записи која ја организираше Министерството за финансии. Банките откупија записи во вредност од 75 милиони евра, сума која е во рамките на просекот при организирање на ваков вид настани.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, синоќа во вестите на Сител им соопшти убава вест на лицата од овие категории.

-Пензионерите можат да бидат мирни и спокојни како и досега. Девет години како што исплаќавме редовно пензии ќе продолжиме и понатаму, и  сега овој петок пензионерите ќе си ја добијат заслужената  пензија, рече Ставрески.

Додаде дека и  субвенциите кон земјоделците ќе може да се реализираат согласно предвидената динамика и, како што нагласи, денес, утре и во наредните денови ќе има исплата на субвенции.

– Исто така  платите на војската, на полицијата,  на здравствените работници, на  образовните работници,  на сите други коишто примаат средства од Буџетот ќе бидат исплатени редовно почнувајќи од утре па во наредните десетина дена, како и исплатата на социјалната помош, а за стопанството ќе биде редовно вратен  ДДВ, она што е најважно за  фирмите, како и исплатата на фактурите од Буџетот за извршените градежни и други работи, рече министерот за финансии.

Според него, ова внесува стабилност во економијата, сигурност за сите граѓани и сите фирми да се чувствуваат  постабилно и да знаат дека  Буџетот ќе се извршува како што и досега се извршуваше  во корист на граѓаните и на стопанството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top