На судското рочиште во Тирана кое се води против девет лица, меѓу кои и имами обвинети за помагање, пропагирање, регрутирање и исплаќање на воини на боиштата во Сирија и Ирак, дел од обвинетите почнале да извикуваат „Албанија ќе ја ослободи само ИД“ и тоа на арапски јазик.
Според телевизијата Топ чанел, најгласни и овој пат биле Фадил Муслимани и Генц Бала, самопрогласениот имам од џамијата „Нов прстен“ во Тирана.
– Албанија ќе ја ослободи само Исламската држава, бидејќи младите бегаат насекаде, немаат доверба во државата. Исламот е заложник на муслиманската верска заедница- извикувале осомничените на арапски јазик.
Како и на претходните рочишта, обвинетите одбиваат да одговараат, не го признаваат судот, одбиле да им се даде адвокат, велејќи дека единствено нив може да ги казни само Алах.
Еден од обвинетите, Герти Пашја, го искинал обвинителниот акт, нарекувајќи го обвинителот непријател и човек кој му отворил војна на исламот.
Судскиот процес почна во март, но нормално рочиште досега не е одржано. Во меѓувреме во градот Корча се појавија и првите графити со џихадистички пораки,што внело вознемиреност и загриженост кај жителите на овој град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


