| четврток, 6 декември 2018 |

Тензии на границата, економските емигранти на сила сакаат да влезат во Македонија

Повеќе од 200 економски емигранти кои се на македонско-грчката граница се закануваат дека на сила ќе влезат во Македонија со прескокнување на оградата. На границата има голем број специјалци, а војската е опремена со солзавец и водени топови, објави „Канал 5“.

Македонските безбедносни слили од утрово повторно испровоцирани по неуспешниот обид на економските мигранти да ја соборат жичената ограда кај каменот 59.
Се побројни се паролите кои активисти на невладини организации и поддржувачи на економските мигранти на грчка страна ги редат долж жичената ограда.
Транспарентите се напишани на арапски, англиски како и на српски јазик.
Избегаа денеска од објективот на нашите камери и несакаа да зборуваат, зошто не им објаснето на овие луѓе дека забраната за влез не е македонска одлука.
Тие се на европска територија односно во Грција и тие треба да одлучат за нивниот статус.
Безбедносните сили се и денес со заштитни штитови поради превенција од настанување на било какви инциденти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top