Министерството за култура денеска додели уште шест нови решенија за национални пензии со кои вкупниот број на носители е 61.
Во новата група корисници на национална пензија се: Мајда Тушар – актерка; Фејзи Бојку – писател за деца; Костадин Костадиновски – музиколог и композитор; Васил Тоциновски – писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач; Доне Милјановски – академски ликовен уметник и фолклористот Димитар Узунски, раководител на Фолклорната група „Копачка“ од делчевското село Драмче.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на врачувањето на решенијата рече дека добитниците се истакнати поединци кои значајно придонесле во уметноста и културата на Република Македонија.
– Со измените на Законот за културата и воведувањето на националната пензија овозможивме да се валоризира нивниот труд со оглед дека имаат многу ниски пензии, а нивниот влог е огромен за Република Македонија. Покрај нивното творештво, условот за да добијат национална пензија е и да се носители на една од државните награди: „11 Октомври“, „23 Октомври“ и „8 Декември“ – рече Канческа-Милевска и додаде дека со најразлични стимулативни мерки е направен исчекор во вреднувањето на трудот на творците во различни дејности од културата.
Добитниците на решенијата, кои присуствуваа на врачувањето во Министерството за култура, се заблагодарија за оваа одлука на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст