Диригентот на ревискиот оркестар на МРТВ Љупчо Мирковски е новиот директор на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“. На распишаниот меѓународен конкурс за прв човек на „Макфест“ имало само една апликација и Општината Штип, како организатор, ја прифатила неговата кандидатура.
Мирковски на оваа позиција доаѓа по завршувањето на мандатот на Дарко Мијалковски, кој две години се грижеше за фестивалот
– Имам план да го вратам меѓународниот карактер на „Макфест“, како што беше во првите негови години, посебно од 1991 до 1993 година, кога бев уметнички директор. На двете изминати „Евровизии“ разговарав со композитори и со пејачи од сите победнички земји, и тие се расположени да учествуваат и рамноправно да се натпреваруваат – најави Мирковски.
И 31. издание на „Макфест“ ќе биде со жива изведба и музиката и на пеењето, како што во последно време тоа го бараат и самите интерпретатори.
Фестивалот ќе се одржи во првата половина на јуни 2016 година и финансиски ќе биде поддржан од Општината Штип и од Министерството за култура, кои предвидуваат седум парични награди, со вкупен фонд од 26.500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст