| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе гради две нови воени бази

Русија гради две воени бази на островите Итуруп и Кунашир, со што ќе се зголеми воената подготвеност на армијата на источната граница, изјави министерот за одбрана, генерал Сергеј Шојгу.

sergej-sojgu-1

 

Тој наведе дека ќе се изградат 392 објекти и касарни. Предвидено е да се употребат само современи типови на конструкции за брзо монтирање. ­

– Ќе бидат изградени гарнизони со развена инфраструктура ­ детски градинки, училишта, културни центри и хостели – посочи Шојгу.

Присуството на руската армија на Курилските Острови со население од 19.000 жители е чувствителна тема за Јапонија, која има претензии кон тој архипелаг, анектиран од СССР кон крајот на Втора светска војна по капитулацијата на јапонската армија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top