| четврток, 6 декември 2018 |

Во ноември значително намален емигрантскиот прилив во Европа

Во текот на минатиот месец во Европа по морски пат пристигнале околу 140.000 бегалци и еимигранти, што е значително помалку во споредба со октомври годинава, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

имигранти

– Податоците за ноември се први оваа година, кои покажуваат дека бројот на бегалци и на еимигранти е намален во однос на состојбата забележана во претходните месеци – изјави Вилијам Спиндлер од УНХЦР.

Според него, причина за намалениот број лица што доаѓаат во Европа е резултат на влошените климатски услови во Егејско Море, но и на мерките кои турските власти ги презедоа против илегалниот транпорт на емигранти.

Повеќе од 880.000 емигранти оваа година пристигнале до европските брегови, што е за околу четири пати повеќе во споредба со 2014 година, додаде претставникот на агенцијата на ОН за бегалци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top