Во „Нејчр Медисин“ (Nature Medicine), едно од најреномираните светски научни списанија е објавен оригинален научен труд под наслов „Отстранувањето на микрофлората промовира потемнување на белото масно ткиво и ја редуцира дебелината”. Ова откритие е дело на истражувачки тим на научници од одделот за клеточна физиологија и метаболизам при медицинскиот факултет на Универзитетот во Женева, предводени од проф д-р Мирко Трајковски, еминентен научник со македонско потекло во соработка со “Алкалоид”. Ова е исклучително значајно откритие во светски рамки и ја отвора сферата на сосема нови третмани против дебелината, со истражување алтернативни начини на супресирање- менување на микрофлората со ефикасни клинички третмани против дебелината.
– Поголемиот број беж клетки, што се појавуваат во белото масно ткиво, овозможуваат поголемо согорување на калориите, што укажува дека стимулирањето на нивниот раст доведува до редукција на дебелината. Отсуството на микробиотата активира изненадувачки метаболички механизам, па белите масни клетки – што кога се во вишок, предизвикуваат дебелина и намалена чувствителност кон инсулинот – почнуваат да се трансформираат во таканаречени “беж” клетки, слични на кафеавите масни клетки, кои пак штитат и од дебелината и од последиците предизвикани од неа – изјави професор Трајковски.
За истражувачкиот тим ова научно достигнување претставува огромен успех во областа на клеточна физиологија и метаболизам на светско ниво. Има посебно значење и за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип за чии цели се користени производи од портфолиото на „Алкалоид” како и стручно научна експертиза од фармацевти од компанијата предводени од фарм.спец. Мирослава Илиeвска.
И за “Алкалоид” ова е дополнителен поттик за понатамошна соработка со научни институции од светски ранг како и поддршка на проекти од овој тип кои придонесуваат за дополнителна афирмација на земјата во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци